(ВИДЕО) СДСМ во обид да гради култ на личноста – Каевски го споредува Заев со Тито?!

Во владејачката самопрокламирана „реформаторска“ и „прогресивна“ СДСМ, очигледно не може да се отргнат всушност од старите манири, уште од еднопартизмот па сега нивното едноумие предизвикува обиди за градење култ на личноста на својот водач и небулозни споредби на нивниот партиски лидер и премиер Зоран Заев со историски личности со несомнена харизма.

Во случајов станува збор за изјавата на Дарко Каевски, директор на социјалдемократите во Агенцијата за спорт и млади кој во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на телевизијата ТВ21 го спореди Заев со поранешниот југословенски челник Јосип Броз Тито.

„Кога ќе ги прашам моите каде се чувствувале најмногу признаени и каде им било најдобро, тие велат во времето на Јосип Броз Тито, а ќе дојде време кога ние ќе кажуваме на нашите деца и внуци дека живеевме во времето на Зоран Заев кој со Владата го решил деценискиот проблем. Го реши деценискиот проблем и ги надмина бариерите и се исправи пред сериозен предизви“, рече Каевски без да падне од столчето .

На неговата изјава искрено и слатко се изнасмеа неговиот соговорник во споменатата емисија, аналитичарот Александар Пандов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.