ВИДЕО| СДСМ забегана!

Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е!

Ова денеска од собраниската говорница го кажа пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска, револтирано обраќајки им се на опозиициските пратеници?! Лапсуз или вистинско нејзино мислење, единствено таа си знае.

Во тензична собраниска расправа минува и денешната расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.

За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има бучава  од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.