Компанија за кафе бара заинтересен кој е подготвен да живее една седмица во замокот Карлоури (Carlowrie Castle) крај Единбург а притоа и да заработи 5.000 американски долари.
Како што пишува Lonely Planet, нема ограничувања за учесниците на конкурсот. А покрај платата од пет илјади долари, избраниот кандидат ќе користи услуги и на личен батлер. Предвидени се и релаксирачки спа-третмани „инспирирани од кафето“.
На кандидатот му се ветуваат пет оброци дневно. Покрај тоа, овој одмор вклучува и приватни лекции од кулинарството, со особена специјалност за приготвување кафе и неограничени количества од пијалакот на компанијата „Gevalia“
Победникот на конкурсот ќе може да земе со себе уште едно лице. Конкурсот е отворен до 21-ви декември.