Свет

Видео Се бројат првите жртви од пожарот во Калифорнија

Видео Се бројат првите жртви од пожарот во Калифорнија

Девет мртви тела во автомобили се пронајдени откако големиот пожар речиси целосно го уништи градот Парадајз во Калифорнија. Засега како исчезнати се водат 35 лица.

Големиот пожар, што започна во четвртокот, зафати површина од безмалку 300 квадратни километри, а бил помогнат од силен ветер. Евакуирани се повеќе од 150 илјади луѓе, а како што пренесуваат странските агенции, пожарникарите засега се немоќни против огнот. Во сериозна опасност да изгорат до темел се 15 илјади куќи и 2.000 комерцијални објекти.