(ВИДЕО) Се појави досега необјаевна снимка од Милошевиќ пред заминувањето во Хаг – мирно разговарал со полицајците

Пред неколку часа новинарот Стефан Цветковиќ објавил на својот Фејсбук профил видео снимка на која се гледа поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, наводно пред трансферот од Тузла во Хаг во 2001 година.

На снимката се гледа како Милошевиќ влегува во соба, наводно во американска воена база во кампот Иглв во Босна и Херцеговина, заедно со личност во воена униформа. После влегувањето, Милошевиќ е во друштво на полицајци со кои мирно разговара. Во еден момент Милошевиќ пали и цигара.

Според податоците кои ѝ се достапни на српската јавност, во околу 19 часот на 28 јуни 2001 година Милошевиќ бил притворен во Хаг.

Стигнал од предградието Бањица, со „мерцедес“ каде го дочекале три хеликоптери и обвинителот на меѓународниот суд Кевин Куртис

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.