ВИДЕО: Се породи среде улица, на бебето му се брзало

Кристин Дикерсон, која речиси две неделиго надминала терминот за породување се породила среде улица додека со нејзиниот сопруг оделе накај болницата.

Нејзиниот сопруг Трој го снимал целиот процес.

На видео снимката се гледа како парот се вози по автопатот, а Кристин во огромни болки го моли својот сопруг да застане некаде поблизу зашто мисли дека не може да издржи до болницата. Кога зачекорила од автомобилот, Кристин рекла дека ја чувствува главата на бебето како излегува. Во тој момент Трој ја зграпчил торбата од колата и ги повикувал вработените на помош.

– Излезе од колата и само се здрви во место. Јас и момчето што работи на паркингот ја теравме да седне на количката, но не можеше. Во само неколку минути нашето бебе просто излета од неа. Кристин ми викаше да го фатам бебето зашто сè се случуваше толку брзо, раскажал Трој, кој овој настан го снимал со посебна „ГоПро“ камера, која може да се носи на глава за да бидат рацете слободни.

Момчето, на кое му го дале името Трует, се роди на 28 јуни во 2 часот наутро, а дури 10 бабици излетале од болницата за да ѝ помогнат на Кристин.

Трој и Кристин имаат уште две деца, Тарнер и Тилман.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.