(ВИДЕО) Се преврте автобус полн со патници на автопатот Скопје-Тетово, има повредени

На автопатот Скопје-Тетово се случил собраќајна несреќа, кај селото Ласкарци, потврдија за НетПрес од Министерството за внатрешни работи.

Според прелиминарните сознанија, на автобусот на компанијата „Дурмо турс“ полн со патници му пукнала гумата, по што возачот ја изгубил контрола и се превртел на автопатот.

Според првичните информациите има десетина патници, од вкупно педесетината, кои се повредени , но уште не се знае степенот на нивните поврдел, како и дали имаа загинати.

Екипите на службата за итна медицинска помош се веќе на самото место. Повредените се пренесуваат во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“, како и во Ургентниот центар.