Кениец прогласен за мртов, се разбудил во мртовечница

Дваесет и петгодишниот Пол Мутор  се обидел да се самоубие пиејќи инсектицид по семејна караница, а направил вистински хаос, кога се разбудил иако лекарите го прогласиле за мртов. Началникот на болницата во градот Наиваша, Кенија, рече дека на Пол Мутор во болница му дале лек  кој ја успорува работата на срцето, додавајќи дека тоа најверојатно го збунило медицинскиот персонал, кој поверувал дека тој е мртов, па го префрлиле во мртовечница. Персоналот еден ден подоцна слушнал звуци кои доаѓале од мртовечница и сите побегнале кога „мртвиот“ станал. Пациентот, кој сега е добро и се опоравува, им се извинил на сите, тврдејќи дека било грешка што се обидел да се убие. Најсреќниот момент е тоа што тој се разбудил кратко пред неговото тело да биде балсамирано.