(ВИДЕО) Се срушија како кула од карти – синхронизирано се срушени 15 облакодери во Кина

Во јужниот кинески град Кунминг, синхронизирано се срушени 15 облакодери од комплекс наречен Liyang Star City Phase II Според кинеските вести, за тоа се потрошени 4,6 тони експлозив кој бил поставен на 85.000 места во овие згради. еден од облакодерите не се срушил и ќе биде механички урнат.

Изградбата комплекс наречен Liyang Star City Phase II започнала во 2011 година, но тој не бил целосно завршен досега. Поради недостаток на капитал, изградбата запрела во 2012 година. Иако изградбата во еден сектор била завршена во 2015 година, преостанатите 15 солитери останале празни од 2013 година, па дури и кинеската влада се обиде повторно да го заврши проектот, но безуспешно.

Сега  компанијата Yunnan Honghe Real Estate Co. ги откупила правата на земјиштето каде што се наоѓаа облакодерите. Компанијата се одлучила да ги урне зградите бидејќи веќе не се купуваат такви станови.

Експлозијата и прашината што се кренала зафатиле околу 500.000 квадратни метри, што е најголемата намерна градежна експлозија во историјата на Кина.

Сепак, една зграда останала да стои „на задните нозе“, навалена настрана, за што Кинезите се шегуваа дека градат издржливи згради. Овој облакодер ќе биде механички урнат.

https://www.youtube.com/watch?v=WofbaW0tQAM