(ВИДЕО) Се степаа косовските пратеници

Пратеникот од Демократска партија на Косово, Џавит Халити, го удри во петокот пратеникот од Демократски сојуз на Косово, Арбен Гаши, во текот на жестоката расправа во Собранието, но другите пратеници спречиле посериозен судир.

Двајцата пратеници, по жестоката вербална расправија, отидоа чекор понатаму, па Халити го удри Гаши.

Претседателот на Собранието ги предупредил пратениците да се однесуваат согласно функцијата, но тие не го послушале.

Судирот меѓу пратениците изби за време на гласањето за судии на косовскиот уставен суд.