(ВИДЕО) Се тресеше и во словенечкото Собрание, пратениците побегнаа за време на силниот потрес

Во време кога силниот земјотрес го стресе тлото во хрватскиот град Петриња, потресот се почуствува во сите соседни земји, а најмногу во Србија И Словенија, јавија регионалните медиуми.

Имено, во Словенија во време на земјотресот заседаваше Собранието на Словенија, а на снимката што се појави на социјалните медиуми се гледа како пратениците бегаат од пленарната сала во време на силниот потрес.