ВИДЕО| Се урна руски воен транспортер, снимен моментот на трагедијата

Рускиот воен транспорен авион од типот „Ил-1 12В“ се урна во вторникот во Подмосковје, откако се запалил десниот мотор и притоа загинале тројцата членови на екипажот, соопшти руската државна компанија УАК, пренесува агенцијата ТАСС.

„Според прелиминарна верзија на настаните, десниот мотор на авионот „Ил-1 12В“ се запалил“, соопштија од компанијата.

Велат дека авионот се урнал при пробен лет. Авионот во пожарот бил целосно уништен и покрај напорите за негово гаснење.

Пилотите кои управувале со авионот направиле сѐ што можеле за да ја спречат катастрофата и да го одалечат авионот од населените места, соопштија од компанијата.