(ВИДЕО) Се вее знамето со сонцето од Кутлеш во родното село на градоначалникот на Крива Паланка

Жителите на Мождивњак кај Крива Паланка високо го подигнаа првото македонско знаме на јарболот во селото пропратено со македонската химна. Знамето со сонцето од Кутлеш високо се развеа.

Во постот на Фејсбук на Дејан Гавровски се вели: „Мождивњак е комитско село, за жал, и родно село на градоначалникот на Крива Паланка (Борјанчо Мицевски-н.з.). Сонцето поставено на јарболот… Поделени 24 национални Сонца. Македонија е жива“!

Да потсетиме дека пред неколку дена за време на полицискиот час Мицевски нареди да се избруси „Сонцето од Кутлеш“ пред Општина Крива Палнка поради договорот со Грција, со што многу ги налути сограѓаните.

Мицевски изјави дека на ниту едно знаме, на ниту еден симбол не му доликува да биде ставен на земја и да биде газен. На местото на овој симбол ќе бил поставен симбол од грбот на Крива Паланка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.