(ВИДЕО) Се запали болница за Kовид-19 во Индија, најмалку седумина загинати

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со ковид-19 во Вијајавади, во југоисточна Индија.

Како што објавија медиумите, пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница.

https://www.youtube.com/watch?v=JNwp7aMciUA&feature=emb_logo