ВИДЕО| Седум црвени картони на дербито меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс

Најголемото аргентинско дерби меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс заврши со победа на домашната екипа и хаосот што следеше по единствениот гол на натпреварот.

Мигел Борха го постигна победничкиот гол од пенал досуден во самиот финиш на натпреварот на „Естадио Монументал“. Потоа почнаа провокациите и дојде до 15-минутна тепачка меѓу играчите на двата тима, а судијата Дарио Ерера исклучи шестмина играчи и тренерот на Бока, Хорхе Алмирон.

Мораше да интервенираат обезбедувачите и припадниците на специјалните полициски единици за конечно да ги раздвојат екипите, а кога сѐ се смири, судијата Херера додели седум црвени картони.

Легендарно е ривалството меѓу клубовите од аргентинската престолнина Бока и Ривер. Поради безбедност и можност за жестоки судири, на гостинските навивачи не им е дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари во Аргентина, со некои исклучоци. Овојпат на стадионот имаше 83.000 навивачи на Ривер Плата, која по победата останува на врвот на првенствената табела.

Во 2018 година, финалето на Копа Либертадорес меѓу Бока и Ривер мораше да биде преместено во Мадрид од безбедносни причини, откако навивачите на Ривера нападнаа автобус со играчи на Бока на пат кон стадионот.