Седум лица загинаа во пожар којшто избувнал ноќта кон четвртокотво станбена зграда во Ница на југоистокот на Франција, соопшти пожарникарската служба. Сѐ уште не е познато што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Муленс во работничкиот дел на градот.
Според објавата на францускиот министер за внатрешни работи во оставка Жерал Дарманен на Х, три од жртвите се деца. Според обвинителот од Ница, се претпочита „криминалната“ истрага, пишува локалниот весник Nice Matin.
„Со оглед на прелиминарните сознанија, отворив истрага за подметнување пожар кој доведе до смрт“, изјави Дерманен пред новинарите на самото место на несреќата прецизирајќи дека меѓу жртвите имало „три деца и еден тинејџер“.
Децата се на возраст од 5, 7 и 10 години, а тинејџерот кој починал скокајќи од прозорец за да се спаси од пожаро, според обвинителот има 17 години.
Истрагата е започната во правец на кривично дело „подметнување пожар со смртни последици“, откако на некои снимки е забележано дека три лица со качулки влегуваат во зградата непосредно пред избувнувањето на пожарот, изјавиле извори од обвинителството.
Пожарникарите биле повикани околу 2,30 часот во врска со пожар, чии причини сѐ уште не се познати, на седмиот кат од зграда во областа Муленс, работничка област во градот. Кога службите за брза помош пристигнале на местото на настанот, тие се соочиле со „силен пожар во стан“ на седмиот кат од зградата. Биле изведени три спасувања со скали и уште 33 лица биле евакуирани од зградата. Едно лице, исто така, е пренесено во болница во тешка состојба а уште две други се хоспитализирани во релативна тешка состојба.
Со справување со стихијата биле ангажирани 25 возила и 72 пожарникари, соопшти противпожарната служба.
Според префектот на покаината Алпи-Марите, Иго Муту, во станот био населено „семејство очигледно од Коморско потекло“. Во моментот на катастрофата „10 луѓе (биле) внатре“, рече тој. Пожарот очигледно започнал од вториот кат, во заедничките простории од каде преку празнина во градбата се проширил низ катовите. Шест од починатите лица се пронајдени во станот, соопшти обвинителот. Од прозорецот скокнал и многу тешко повредениот, 47-годишен маж.
Зградата каде што се случи катастрофата датира од 1977 година и беше предмет на програма за реновирање во раните 2000-ти. Околу дваесет од нејзините жители мораа да бидат евакуирани, забележува весникот Nice Matin.
@cestrosi il y a le feu dans un des camembert au moulin pic.twitter.com/iQH06uuuAD
— Habitants Quartiers des Moulins (@HabitantsM) July 18, 2024