(ВИДЕО) Седум жртви во две уривања на мали авиони во Германија и во Швајцарија

Ултралесен авион се судри во саботата во станбена зграда во германската сојузна земја Северна Рајна-Вестфалија во кој загинаа три лица, а уште четири луѓе ги загубија живототе во уривање на авион во уривање на летало во планините во швајцарскиот кантон Вале

Покривот на зградата во која имало пет апартмана во германскиот град Весел се запалил откако лесно авионче удрил во неа, при што загинале три лица а повредено е едно дете, соопшти локалната полиција.

Според очевидци на коишто се повикуваат локалните медиуми, леталото непосредно пред ударот во зградата се судрил со балон на топол воздух. Спасувачите во близина на несреќата пронашле падобран, а полцијата претпоставува дека припаѓа на малиот авион.

Авионот веројатно полетал од спортскиот аеродром Марл, оценува полицијата. Тој се наоѓа источно од градот, недалеку од местото на кое се случила несреќата, исто така во Северна Рајна-Вестфалија.

Ултралесниот авион можел да понесе две лица, но полицијата соопшти дека сѐ уште не е јасно колку лица се наоѓале во него, како и дека жртвите сѐ уште не се идентификувани.

Портпаролот на полицијата во Весел на 40-ина километри северно од Диселдорф, Петер Рутерс, рекол дека досега им е само познато оти несреќата се случила околу 14,40 часот по локално време, и оти малото летало се урнало врз станбен објект чиешто поткровје се запалило.

Во Швајцарија, пак, полицијата сѐ уште нема никакви претпоставки за причините за уривање на, исто така, мало летало во кантонот Вале,

Несреќата е сличила околу пладнето, кога полицијата добила известување за несреќа во близина на врвот Глечершпиц висок околу 3.000 метри, а спасувачите кои пристигнале на местото на настанот констирале смрт на четири лица.

Жртвите се идентификувани, а станива збор за двајца Швајцарци на возраст од 66 и 50 години, и двајца Австријци на 50 и 46-годишна возраст.