ВИДЕО| Сенаторка го нападна Безос: Лесно ти е да леташ во Вселената кога не плаќаш данок

Американската сенаторка Елизабет Ворен го нападна во вторникот Џеф Безос, откако најбогатиот човек на планетата се вратио на Земјата од својот прв суборбитален вселенски лет со капсулата на неговата компанија за вселенски туризам „Blue Origin“, пренесува Business Insider.

Безос се обрати на прес-конференција додека ја ставаше каубојската шапка, велејќи дека сака да му се „заблагодари на секој вработен во Amazon и на секој купувач преку Amazon, бидејќи вие сево ова го плативте“.

„Безос заборави да им се заблагодари на сите вредни Американци кои всушност платител данок за да ја одржат оваа земја, додека тој и Amazon не платиле ништо“, критикуваше сенаторката Ворен кусо откако слични критики за Џеф Безос упати и конгресменката Оказио Кортез.

Ова не е првпат Ворен да го напаѓа Безос поради избегнување да го плати данокот. Како што извести претходно Business Insider, таа за интернетскиот раблоид TMZ рекла дека Безос „ѝ се потсмева на секоја личност во Америка којашто навистина платила данок“. „Патувањето на Безос во Вселената го платиле сите други американски даноќни обврзници кои го платиле данокот“, додала.

Нејзините критики селда по објавувањето на ексклузивниот извештај на изданието ProPublica кое откри колку малку најбогатите Американци и всишност луѓе на свеот плаќаат данок. Во тој извештај се наведува ека Џеф Безос две години не плаќал данок на приход, а всушност во 2011 година наводно добил даночен кредит од 4.000 долаи кој важел за семејства кои заработуват под 100.000 американски долари годишно. Линли Браунинг од Business Insider, исто така, претходно известуваше дека компанијата „Amazon“ не плаќала данок на добивка во 2017 и во 2018 година.

Иако методите кои најбогатите Амераканци ги користат за плаќање релативно мали даноци се легални, тие ги поттикнаа дискусиите меѓу законодавците околу потребата од реформи на даночниот систем.

Сенаорката Елизабет Ворен е долгогодишен заговорник на воведува данок на богатството во САД. Нејзиниот предлог на Закон за ултрамилионските даноцои, е насочен кој домаќинствата чија нето ведност изнесува 50 милиони долари или повеќе. Домаќинставата со сопственост од 50 милиони до милијарда долари, според неа, би требало да бидат оданочени со 2 отсто, а оние со над милијарда долари со 3 отсто.

Анализата на организацијата Американци за даночна правичност и Проектот на Институтот за политички студии за нееднаквост, откри дека според даноците на сенаторката Ворен, во 2020 година Џеф БЕзос би платил данок во износ од 5,7 милијарди долари.