(ВИДЕО) Серена Вилијамс се „збогува“ со тенисот – со солзи и поздрав од публиката го напушти теренот

Американската тенисерка Серена Вилијамс ја заврши кариерата со пораз во третото коло од УС Опен.

Вилијамс имаше добар натпревар, но сепак загуби од Хрватката Ајла Томљановиќ со 7:5, 6:7 (5), 6:1 во играта која траеше три часа и пет минути.

Додека при разделбата ја поздравуваше публиката мавтајќи преку звучниците одекна познатата песна на Тина Тарнер „Simply The Best“.

Серена во солзи им се заблагодари на семејството, тимот, публиката и многубројните обожаватели на поддршката сите изминати години.

-Не би била јас Серена, да не беше Венус. Па затоа ти благодарам Венус. Таа е единствената причина зошто Серена Вилијамс некогаш постоела. Не знам што да кажам, со солзи изјави Серена.

Вилијамс го освои секој гренд слем во сингл барем по три пати, единствена е во историјата (и меѓу тенисерите) која ги има освоено сите гренд слемови и во сингл и во двојки.

Има четири злата од Олимписки игри, а освоила вкупно 93 титули во кариерата.