ВИДЕО: Сестрата на терористот Кулибали е инструктурка по секси фитнес

Мајимуна Кулибали е славна инструкторка по фитнес, кој се заснова на мешање со колковите ѝ е многу популарен во САД. Мајимуна јавно ги осудила злосторствата на својот брат.

39-годишната Мајимуна Кулибали, сестрата на терористот Амеди Кулибали, кој бил убиен минатата седмица додека држел заложници во еден еврејски супермаркет, е светски експерт по секси фитнес, кој се нарекува “Терапија за задникот” или “Boothy Therapy”. Мајимуна ги осудила нападите во кои учествувал нејзиниот брат.

Мајимуна е кореограф и промотор на секси фитнес, кој се заснова на мешање со колковите, а има и свое студио за танц. Часови држи низ целиот свет, најмногу во САД, а неколку пати гостувала и на француски ТВ програми. Вели дека “Терапијата за задникот” ги ослободува и зацврстува жените.

sestra1

Нејзините родители се имигранти од Мали, а Мајимуна често зборувала за судирот на културите и расизмот.

“Во младоста често се чувствував неприлагодено. Не знаев каде ми е местото во општеството”, вели таа и додава дека терапијата за задникот за неа претставува одговор на сударот на културите, кој го доживеала од мали нозе.

Кога нејзиниот брат, Амеди, минатата седмица во Париз прво убил полицајка во Монруж, а потоа и уште 4 лица кои ги држел како заложници во една еврејска продавница, Мајимуна и нејзината мајка ги осудиле истите.

“Ги осудуваме таквите дела. Воопшто не делиме такви екстремистички идеи. Се надеваме дека овие страшни дела нема да бидат поврзани со муслиманската вера”, соопштиле двете.

Погледнете како изгледа нејзината “Терапија за задникот”.

Извор: Точка