(ВИДЕО) Шефот на ОН „шокиран и вознемирен“ од снимка на секс во службен автомобил во Израел

242

Меѓународната мировна организација, Обединетите нации (ООН), соопшти дека е „шокирана и длабоко вознемирена“ од снимка на очигледен сексуален чин што се случил во еден од неговите службени автомобили во Израел.

На видеото е прикажана жена во црвен фустан како расчекорено седи врз маж на задното седиште на бело возило со ознаки на ООН. Неколку други лица се исто така во автомобилот, а инцидентот е снимен на главната улица по должината на брегот на Тел Авив, пишува Би-би-си.

ООН соопшти дека е во тек истрага и дека работат на идентификување на лицата што се гледаат во видеото.

„Ваквото однесување е спротивно на сè за што ние се залагаме“.

„Веруваме дека тоа се луѓе од персоналот на мировната организација во Израел“, велат од ООН.

Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на ООН, го опиша однесувањето во видеото како „одвратно“ и додаде дека „е спротивно на сè за што се залага организацијата“.

На прашањето од новинарите дали станува збор за консензуален сексуален чин или е во прашање плаќање услуги, Дујариќ рече дека на тие прашања ќе се обиде да одговори истрагата.

ОН има строги правила против сексуални односи на своите вработени.

Персоналот може да добие дисциплински казни доколку се утврди дека ги прекршил правилата на однесување. Тие може да бидат вратени или да им биде забрането учество во мировните операции на ООН, но одговорноста е кај нивната матична држава да преземе дополнителни дисциплински или правни акции.

ООН долго време е под надзор поради тврдењата за сексуални прекршоци од страна на нејзините мировници и другиот персонал. Има чести обвинувања последниве години.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.