(ВИДЕО) Шекеринска во Маврово: Ѓезмиња се тераат на вилаетот на Радмила додека скопјани битисуваат во 30 квадрати

Владата во четвртокот донесе одлука за 80 часовен полициски час за град Скопје и уште неколку општини во Македонија. Оваа драконска одлука беше донесена откако денови по ред Македонија бележи екстремно висока стапка на новозаболени, и покрај тоа што надлежните уверуваат дека ситуацијата се стабилизира и е под контрола.

Очигледно, забраната за движење се однесуваше само на „обичните“ луѓе, додека високи владини функционери беа забележани во туристичките места ширум земјата каде што рестриктивните мерки беа поблаги.

Вицепремиерката и министерка за одбрана, откако гласаше за затварање на скопјани, исто така го избегна 80 часовниот полициски час и помина три дена во својата викенд куќа во Маврово, објави Инфомакс.

Додека скопјани седат во своите домови, некои во 30 квадрати, Шекеринска ужива во вилата на Маврово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.