Видео: Шешељ: И денеска сум горд што се радував на убиството на Ѓинѓиќ

Претседателот на радикалите, Војислав Шешељ на прес конференција за новинарите повтори дека и денеска е горд што се радувал на убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој е убиен на 12 март 2003 година.

„Србија тогаш се ослободи од предавник и мафијаш“, изјави Шешељ кој вчера се варти од Хаг, бидејќи е привремено ослободен од хашкиот притвор.

Шешељ потоа праша: „Кој уште се сеќава на Ѓинѓиќ?“

Тој на сослушување во Хашкиот трибунал уште во 2003 година изјави: „Јас искрено се израдував кога слушнав дека Ѓинѓиќ погинал, дека е мртов. Овде се израдував бидејќи Ѓинѓиќ беше голем предавник на својот народ“.