(ВИДЕО) Шест ранети во двоен самоубиствен напад пред амбасадата на САД во Тунис

Во двоен самоубиствен напад во петокот се ранети пет полициски агенти и еден цивил пред американската амбасада во Тунис, соопшти туниското министерство за внатрешни работи.

Експлозијата одекнала кон средината на денот во близината на дипломатското претставништво, десетина километри од центарот на градот Тунис.

„Двајца терористи нападнаа патрола на безбедносните служби на улицата спрпти американската амбасада, кревајќи се себеси во воздух. Во терористичкиот чин загинаа двајцата напаѓачи, ранети се петмина полицајци и полесно е повреден еден цивил“, наведе полицијата во соопштение.

Засега не се јасни околносите на нападот. Владата на Тунис излезе со итно соопштение дека ја следи состојбата и оти во главниот град се засилени безбедносните мерки.

Според неименуван полициски функционер, еден од напаѓачите загинал кога се обидувал да го пробие влезот во амбасадата. Вториот напаѓач бил на мотоцикл, додал друг полициски службеник кој бил очевидец на нападот, пренесува AFP.

Американската амбсада на Twitter навед само дека по експлозијата преземало мерки.

Претходно радиото Mosaique FM објави дека пет припадници на безбедносните сили се повредени во главниот град Туни, во експлозија на еден бомбаш самоубиец пред амбасадата на САД.Последниот терористички напад во Тунис беше изведен кон крајот на јуни минатата 2019 година. И тогаш стануваше збор за симултан двоен самоубситвен напад врз полицијаци во центарот на главниот град пред една касарна. Во тој напад загина еден полицаец, а одговорноста ја презема џихадистичката групација Исламска држава.