ВИДЕО| Шест загинати во украинско ракетирање на пазар и трговски центар во Доњецк

Најмалку шест цивили се убиени во најновото украинско ракетирање на центарот на Доњецк, соопшти во вторникот Алексеј Кулемзин, градоначалникот на истоимениот југоисточен украински регион доминатно населен со руско и рускојазично население кое се отцепи по превратот во Киев во 2014 година, а оваа есен со референдум се присоедини на Русија, што не го признаваат Киев и западните земји за кои тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.

„Според прелиминарните податоци, шест цивили загинале во денешното гранатирање на Доњецк. Се прецизира бројот на загинатите“, објави Кулемзин додавајќи дека украинската војска намерно целела во пазар, трговски центар и спортска сала во центарот на градот кој пред почетокот на воените дејствија во 2014 година имаше повеќе од милион ипол жители.

Градоначалникот прецизира дека гранатирањата започнале во вторникот утрото при што биле оштетени православен храм. неколку станбени згради, предучилишна установа, училиште и градскиот младински центар. Во тие гранатирања загинала Марија Пирогова, пратеничка во парламентот на самопрогласената Народна република Доњецк. Според него, украинската армија истрелата само претпладнето најмалку 20 проектили од повеќецевни ракетни системи врз центарот на градот.

Сепаратистички власти истакнуваат дека последните седмици откако последните седмици руските единици започнале континуирано да ги потиснуваат позициите на украинските сили на рабните подрачја од Доњецкиот регион, засилени се гранатирањата врз Доњецк. Наведуваат дека поради „неможноста да ја заштитат од руските напади сопствената инфраструктура и покрај големата воена помош од Западот“, властите во Киев својот гнев го истураат врз цивилното население и сегашните се „најинтензивните гранатирања уште од 20214-та“.

Руските власти во Доњецк соопштија дека поседуваат информации дека во Киев планираа да ги интензивираат ракетните напади врз регионот и посебно врз градот и особено со муниција чија намена е што помасовно повредување на цивилното населени, како што се касетните бомби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.