ВИДЕО| Шојгу ги посети руските војници на украинското боиште

Рускиот министер за одбрана Сереј Шојгу во саботата пристигна во посета на руските единици распоредени на боиштето во Украина каде издал наредни и врачил одликувања, објави неговото министерство.

Шoјгу во правецот на јужен Доњецк посетил команден пункт каде командантот на групацијата руски војски генерал-полковникот Рустам Мурадов и офицерите од штабот го известиле за ситуацијата на тој дел од боиштето и за текот на борбите, се додава во објавата.

„Во текот на посетата, министерот за одбрана посвети посебно внимание на организацијата на сеопфатната поддршка за трупите на групацијата, вклучувајќи услови за безбедно распоредување на личниот состав, како и на работата на медицинските и заднинските единици“, се вели во соопштението.

На видеото објавено на мрежните страници на руското министерство за одбрана се гледа како Шојгу со хеликоптер го надлетува боиштето, разговара со генералот Мурадов и другите офицери.

Покрај тоа, Шојгу им се обратил и на војниците, заблагодарувајќи им се за „саможртвите и херојството“, а на дел од нив им ги врачил државните признанија како Орден за храброст и Крстот на свети Георги.

„Одликувањата се заслужени… Војувате достоинствено! Има уште многу работа пред нас. Верувам дека и натаму ќе продолжите да ѝ служите на нашата земја, со успех и, се разбира, да се вратите дома живи“, изјавил Шојгу на средбата со војниците.

Претходно пред посетата на Шојгу, министерството за одбрана објави дека во насока на јужен Доњецк и Запорожје, единиците на руската групација војски Исток има нанеле тешки загуби на украинските единици во областите Водјани, Приволное и Угледар, на границата на административната територија на регионот Доњецк.

Во изминатото деноноќие, како што се додава во објавата на руското министерство за одбрана, во борбите загинале 70 украински војници, биле уништени два украински тенка и две оклопни борбени возила и две хаубици.