ВИДЕО: Што се лекуваат мачките со предење?

Што се лекуваат мачките со предење?

За позитивното влијание на животните се говори често, а предењето на мачките е една од водечките методи што овие преубави животни ги применуваат на нивните сопственици.

Свесни за добриот ефект што мачките го имаат врз луѓето, вработените во асоцијацијата „Animal Care“ од Пакистан изработиле корисен восич со информации според кои точно ќе знаете зошто мачката ви се мота околу нозете, па дури и тогаш кога можеби ве нервира.

Го намалуваат стресот

Вибрациите што се создаваат додека мачките предат делуваат седативно врз нервниот систем и на тој начин не смируваат. На овој начин мачките го намалуваат стресот и напнатоста што редовно ги чувствуваме кога се враќаме од работа.

Дијагностика на предењето

Во светот лекарите се се повеќе свесни за „моќта“ на мачките. Имено, по низата истражувања лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживање и во моментот кога го предупредува човекот на одредена болест. Исто така, постои потврдена студија за видовите предење што се разликуваат во зависност од болеста.

Го намалува крвниот притисок

Предењето на мачките исто така може да го регулира крвниот притисок. Не велиме дека, неа можете да ја користите наместо лекови, но секако дека позитивно ќе влијае врз вас.

Ги зајакнува коските

Според светските ортопеди, фреквенцијата од 25 до 200 херци, што ја произведува мачката додека преде е најдобра за зајакнување на коските, оттука сами изведете го заклучокот.

Го намалува ризикот од инфаркт

Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат 40 отсто помалку ризик да доживеат инфаркт.

Отстрануваат отоци и инфекции

Експертите исто така тврдат дека јачината на вибрациите што мачките ги произведуваат може да влијае на забрзувањето на циркулацијата, што придонесува за намалување на отоците и елиминирање на инфекциите од организмот.

Позитивно делува на лигаментите и мускулите

Голем број професионални спортисти го забележале позитивното дејство на нивните миленичиња во моментите на замор на мускулите или повреда на лигаментите и тетивите. Водени од тие забележки, научниците ја потврдиле оваа појава и сега голем број спортски физиотерапевти им препорачуваат на спортистите да се галат со нивните миленичиња.

За крај еве и една видео снимка од еден поспан мачор, чиешто предење веднаш ќе ви ги излекува сите болки.