Најголемото музичко натпреварување „Евровизија“ започна во вторник, а големото финале се одржа вчера вечер. Победи претставничката на Шведска, Лорин.
Ова е нејзина втора победа на натпреварот, откако победи за Шведска во 2012 година со песната „Euphoria“.
По гласањето на жирито и публиката, беше објавено дека Лорин победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната Tattoo“.
Големото финале на годинешното 67-то издание на Евровизија, под мотото „Обединети од музика” го отвори претставникот на Австрија. Минатата година на Евровизија победи Украина, но поради војната не беше во можност да биде организатор, па место неа домаќин е Ливерпул, односно Велика Британија. Сем Рајдер беше второпласиран минатата година.
Принцезата од Велс, приреди изненадување за публиката на Изборот за песна на Евровизија свирејќи песна посветена на Украина на клавир на почетокот на финалето. Кетрин свиреше на клавир во замокот Виндзор, а нејзината емотивна песна беше проследена со настап на минатогодишниот победник, украинската група „Kalush Orhestra“.
Пред официјалниот почеток, публиката се потсети на минатогодишниот победник, а настапи и Верка Сердучка кој пред 16 години ја претставуваше Украина на Евровизија, која ја освои Европа со својата брза песна „Dancing Lasha Tumbai“ и спектакуларната изведба и со 235 поени го зазеде второто место, веднаш под Србија, која таа година триумфираше.
Годинава 37 земји гласаа на финалето заедно со публиката во салата. Австрија го означи почетокот, а по неа настапија Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдавија, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел, Словенија, Хрватска и домаѓинот Велика Британија го затвори натпреварувачкиот дел.
Од следната година во евровизиската трка ќе влезе и Луксембург. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, следуваше почеток на гласањето. Додека траеше гласањето, на сцената се појавија и кои од изминатите победници на Евровизија со преработка на најголеми британски поп хитови.
Во гласањето учествуваа сите земји, и оние кои не влегоа во финалето. Новитет е што Евровизија се отвори кон целиот свет, па можеа да гласаат и земји кои не учествуваат, преку официјалната страница на Евровизија.
Мартин Остердал главниот супервизор на гласањето го објави стартот на соопштувањето на гласовите од сите земји. Годинава се кажуваа само 12те поени за да се добие на време. Прва гласаше Украина и првата 12ка ја даде на Шведска. Лорин со песната „Тату“ беше главен фаворит за победник. Шведска почна да собира 12поени, а Израел се приближуваше со поените, а во чекор следуваше и Италија. Хрватска 12 поени и даде на Италија, Словенија на Италија, Србија на Словенија. Последен гласаше домаќинот Белика Британија.
Публиката најмалку гласови и даде на Германија која остана на последното место на табелата,. Кон средината на гласањето, Финска изби на првото место. Но, најмногу публиката и даде на Шведска со што се доби и конечниот победник со 583 гласови.
Евровизија следната година оди во Шведска благодарение на втората победа на Лорин. Идната година, Евровизија во Шведска се совпаѓа со победата на Абба во 1974 со „Ватерло“.