ВИДЕО: Шведската Атлантида – Артефакти стари илјадници години лежат на морското дно

Нуркачка експедиција на дното на Балтичкото море пронајде артефакти стари илјадници години.

Тимот на  нуркачи предводени од професорот Бјорн Нилсон од Универзитетот „Содерторн“ во Шведска откри артефакти на локација  која локалните медиуми веќе ја нарекоа „шведска Атлантида“.

Според експерите артефактите стари преку 11.000 години се во многу добра состојба, затоа што се наоѓале во песочен седимент и не биле изложени на кислород.

Тие се пронајдени крај јужниот брег на Шветска и експертите сметаат дека им пропаѓале на древни номади.

Нилсон вели дека најинтересен и најимпресивен меѓу пронајдените предмет е еден харпун изработен од животински коски.