(ВИДЕО) Сијарто демантира дека Унгарија му помогнала на Груевски

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто демантираше дека неговата земја на каков и да е начин му помогнала на експремиерот Никола Груевски да премине од Македонија во Албанија.

„Моментот кога Груевски се појави во нашата амбасада во Тирана… беше првиот пат кога го сретнавме во овој случај“, тврди Сијарто во интервју за агенцијата AFP.

Унгарскиот министер ги отфрла како лаги тврдењата дека неговата земја имала било каква улога во бегството на Груевски од Македонија.