ВИДЕО| Силјановска: Без критички однос, не се станува Европјанин!

Професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеничка во македонското Собрание, на днешната комисија во која се информираше за досегашниот тек на скринингот Р. Македонија посочи дека „евроинтеграциите не смеат да бидат процес во којшто членките на ЕУ велат: Молчете, слушајте и правете. Туку да биде тоа дијалог“.

Таа во фејсбук објава напиша:

„Без критички осврт и без критички однос, апсолутно не се станува Европјанин.

Правото на информирање е дел од fundamentals.

Стручноста и компетентноста беа жртвувани заради политизацијата и партизацијата.

На невладиниот сектор му било оневозможувано да учествува инклузивно во процесот на одлучување.

Треба да ставиме крај на оригиналноста и оригинерноста и треба да се бориме за европските, демократски стандарди.

Да ставиме крај на празната реторика и навистина да се однесуваме со должна почит кон знаењето.

Секоја власт, секоја влада има мандат да го прави тоа за што добила согласност на изборите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.