(ВИДЕО) Силен земјотрес ја прекина седницата на парламентот на Исланд

Исландската престолнина Рејкјавик и околината во вторникот беа погодени од силен потрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, но не предизвикал штети, само накусо ја прекинал парламентарната седница.

Најсилниот потрес траел неколку секунди, а следеле повеќе помали дополнителни земјотреси.

Парламентарната седница поради тоа биле прекината петнаесетина минути. Хелги Храфн Гунарсон, пратеник на Пиратската партија, се оддалечи од говорницата, додека спикерот Стингримур Ј. Сигфасон, седеше зад него.

„Само биди смирен, миди смирен“, се слуша како спикерот го смирува помладиот пратеник.

Премиертка Катрин Јакобсдотир беше интервјуирана во живо на националната телевизија од нејзиниот дом, кога околу неа започнале да се тресе. Четириесет и четиригодишната премиерка смеејќи се по потресот, рече дека е „соврешено добро“ и „куќата е сѐ уште јака“.

Во Рејкјавик земјотресот ги занишал зградите, а било проследен со силна и застражувачка бучава.

„Нема повредени, ниту материјални штети“, објави исландската цивилна заштита, но сепак ќе бидат спроведени инспекции за да се потврдат овие информации.

Според меторолошкиот инситут на Исланд, епицентарот се наоѓал дваесетина километри јужно од главниот град во геотермалната зона Селтун.

Потресот кој се случил во 13 часот и 43 минути, во влизина на областа Крисувик, една седмица по активноста на вулканот лија ерупција во 2011 година приземји 900 летови. Минатата седмица научниците предупредија дека вулканот Гримсватн наскоро ќе еруптира.