(ВИДЕО) Силен земјотрес во Индонезија, 200 илјади луѓе бегаат пред опасноста од цунами

Силен земјотрес го погоди островот Сулавеси во Индонезија со јачина од 7,1 степени по Рихтер.

Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер денеска го погоди источниот дел на Индонезија, соопшти тамошната сеизмолошка служба. Земјотресот е со епицентар во Молучкото Море во близина на островот Сулавеси , на длабочина од 10 километри.

Властите предупредија и на можно цунами, што предизвика дополнителна паника. Засега нема извештаи за жртви, само се знае дека голем број од постарите градби се урнати.

Над 200 000 жители и туристи се евакуираат од страв пред разорното цунами, кое лани на истиот остров однесе над 4340  животи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.