Попладневно хрватскиот главен град Загреб го зафати силно невреме, проследено со силни ветрови, грмотевици, дожд и град, при што многу улици се поплавени.
Искршени се повеќе дрвја, а на одредени места паѓал и град со големина на лешник. Поплавени се повеќе улици, а сообраќајот се одвива отежнато.
Според најавите на хрватските метеоролози, уште еден бран на невреме се очекува во текот на попладневните часови.