Видео| Силно невреме попладнево во Скопје и околината

Попладнево Скопје и околината ги зафати големо невреме, проследено со силни врнежи на дожд, ветер и грмежи. Утрово од УХМР најавија дека времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме.

-Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

Денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град. Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени. И во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со град, информираа од УХМР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.