(ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска, ветер откорнал дрва стари сто години, гром погодил куќа во Загреб

Невреме проследено со град стигнало во хрватско Загорје, а градот паѓал во Кумровци, Крапина, Сисак и други места.

Издадено било портокалото предупредување за поголем дел на Хрватска.

Во една загрепска куќа удрило гром, па се запалил и кровот, но пожарот брзо бил изгаснат.

Загрепските пожарникари во текот на невремето имале околу 30 интервенции. За поголем број станувало збор за испумпување на вода.

Во Сисак ветерот искорнал дрва стари стотици години и липи заедно со коренот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.