(ВИДЕО) Силно невреме во омиленото одморалиште набогатите и славните

Поголем дел од карипскиот остров Барбадос е зафатен од тропската бура „Доријан“.

Премиерката на Барбадос, Миа Мотли ги затвори училиштата и сите јавни установи во државата пред доаѓањето на ураганот, без оглед што беше погоден само источниот дел. Таа со драматична објава ги предупреди луѓето да останат дома.

„Кога сте мртви, тогаш сте мртви. Останете дома и одморете“, ги повика Мотли жителите во телевизиското обраќање. Веднаш потоа илјадници жители се упатија во супермаркетите за да се снабдат со неопходна храна и вода.

Националниот центар за урагани на САД  издаде предупредување дека островот Св. Лусија може да биде погодена од ураган, а се очекува тропската бура да ги погоди Барбадос, Мартиник, Санта Лусија и Сент Винсент и Гренадин. Исто така, издадено е предупредување дека тропската бура може да ги погоди Доминиканската Република, Гренада и другите околни острови.

На Барбадос и околните острови се очекува да дува силен ветар и да наврнат  меѓу осум и 20 сантиметри  дожд, односно до 25 во некои области.
https://youtu.be/8ZkV0q0IDPM
https://www.youtube.com/watch?v=8ZkV0q0IDPM

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.