18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

(ВИДЕО) Силно невреме во Скопје проследено со силен дожд и грмотевици

Силно невреме, проследено со силен дожд и грмотевици, како и ветер го зафати Скопје.

Од УХМР информираат дека можна е појава на град.

„Невремето со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер од источните делови од Македонија се придвижува кон западните делови и се очекува да ги зафати Тиквешијата и Пелагонија, а подоцна во вечерните часови и делови од Скопската Котлина ќе бидат зафатени од невреме со пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можна појава на град“, информираат од УХМР.

извор: skopje1.mk