(ВИДЕО) Силно невреме во Скопје – улиците поплавени, автомобилите едвај се движат

160

Силното невреме кое започна попладнево во Скопје, поплави дел од улиците во Скопје.

Курир.мк објави видео од скопската општина Карпош, на кое се гледа дека поради поплавените улиците автомобилите едвај се движат.

На еден дел според видео снимката се гледа и како се формираат „природни водопади“ кои се леат низ улицата.

Иста е ситуацијата и во населбите Нерези, Жданец, Трнодол и Тафталиџе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.