(ВИДЕО) Сириските милитанти се повлекуваат од својата претпоследна енклава во Гута

Првиот конвој од 17 автобуси со вкупно 981 лице, меѓу кои се сириски бунтовници и исламистички борци со нивните семејства, го напушти во саботата вечерта јужниот дел од сунитската бунтовничка енклава Источна Гута и се движи во насока на Идлиб, објави службената сириска новинска агенција SANA.

Сириските милитанти започнаа во саботата да го напуштаат своето претпоследно упориште во енклавата Источна Гута, во близина на Дамаск, од каде што од март 2011 година изведуваа ракетни и терористички напади врз главниот град, своевремено обидувајќи се да го предизвикаат хуманитарна катастрофа со прекин на водоснабдувањето на милионската метропола. Ова е епилог од петте седмица жестоки напади од страна на владините сили кои ослободија 90 отсто од поранешното бунтовничко упориште, кое го напуштиле повеќе од 105.000 цивили кои често во текот на сириската криза беа користени како жив штит, особено од џихадистичките групации кои беа доминантни во енклавата.

Евакуациите започнаа од четири локации: Аин Тарма, Замалка, Арбин и Џобар, и треба да продолжат и во неделата, со што ќе бидат опфатени вкупно седум илјади лица. Евакуацијата е договорена во рамките на договорот меѓу исламистичката групација Фаџлак ал-Рахман и рускиот Центар за помирување на завојуваните сили во Сирија, која дејствува под команда на Москва којашто е сојузник на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Под непрекинат оган и ослабени со петгодишната опсада, бунтовничките групи се согласија да ги напуштат своите позиции и да се повлечат во покраината Идлиб, на северозападот од земјата, којашто единствената којашто сѐ уште не е повратена од силите на владата во Дамаск.

Според Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) која дејствува во Лондон, од почетокот на оваа извонредно жестока офанзива од 18-ти февруари, загинале 1.600 цивили, 485 владини војници и 301 бунтовници. Овие податоци светските агенции не може да ги проверат од независни извори. Владата во Дамаск го негира големиот број цивилни жртви, и истакнува дека водела максимална сметка цели да бидат легитимните бунтовнички позиции. Притоа, се повторува дека милитантите му забранувале на цивилното населени во текот на целиот сириски конфликт да ја напушти Источна Гута, користејќи го како и жив штит, а често и брутални ги казнувале оние кои сакале да се евакуираат преку коридорите за извлекување од енклавата кои ги воспостави сириската војска.

Од SOHR наведуваат дека во конвојот ќе има и стотна борци на Хацат Тахрир ал-ШАм, џихадистичка групација, главна сила на сирискиот огранок на Ал Каеда – Џебхат ан-Нусра. Тие, исто така, ќе бидат префрлени во Идлиб.

Истовремено со двата договора за евакуација, во саботата десетти ден со ред е продолжено преместувањето на цивилното население од енклавата во областите коишто ги контролираат владините сили, се наведува во извештајот на SANA. Досега преку овие коридори од Источна Гута излегле 1.700 луѓе. Сириската државна телевизија претходно објави дека повеќе од 105.000 цивили досега си заминале од бунтовничките подрачја во Гута во подрачјата под контрола на владата. Во оваа област пред почетокот на офанзивата живееле околу 400.000 луѓе.