(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот во БиХ наиде на остри критики на социјалните мрежи

159

Кампањата за локалните избори во Босна и Херцеговина официјално се уште не е започната, но по се изгледа дека на политичарите тоа не им е важно. Се снимаат дури и предизборни спотови, а еден од нив предизвика бурни реакции во цела БиХ.

Предизборниот спот на партијата Обединета Српска веќе наречен е скандалозен, а се однесува и на Хрватите, пренесуваат тамошните медиуми.

Во спотот може да се видат Хрват, Бошњак и Албанец како разговараат за прогонот над Србите. На крајот кон нив приоѓа Србин кој со раката треска на масата и гласно вика: Момци, малку сте се излажале, Република Српска е сега обединета“. На крајот на бизарниот спот може да се види како Хрватот, Бошњакот и Албанецот бегаат од кафулето, а на јавноста и се обраќа претседателот на Обединета Српска, Ненад Стевандиќ.

Спотот кој поттикнува национална омраза и нетрпеливост не е забранет, а од Обединетата Српска велат дека не се работи за официјално видео.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.