Скопскиот аква парк, најголемата летна градска атракција, денеска ја отвора својата трета сезона. Точно на пладне ќе се организира „Афтер скул“ забава, а посетителите ќе може да ужваат во водени лудории на бумеранг и спејс бол, тобогани, мрзлива река и базен со бранови.
Капацитеот на водениот парк во метрополата е 1.000 посетители. Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ во чиј склоп функционира аква паркот, Златко Перински, се надева на подобра сезона годинава, иако, нема најави за допонување на содржините во објектот, бдејќи според досегашното искуство постојните реквизити се доволни за добра забава.
„Третата сзона на наголемиот градски аква парк се отвора во 10 часот, со регуларно работно време од 10 до 20 часот. Во 12 часот имаме најавено „афтер скул“ забава, бидејќи датумот на отворањето се оклопи со завршувањето на учебната година“, вели Перински.
Дополнителен поттик за граѓаните да ја посетат оваа уникатна атракција ќе бидат и новите намалени цени на влезниците, а се воведуваат и групни билети со специјални попусти.
„Она што е најактуелно годинава имаме поевтини цени за дечиња до 13 години, и дневни билети од 200 денари, фамилијарната карта за четиричлено семејство е 1.000 денари, како и групни попусти за групи од над триесет луѓе, кои добиваат 30 отсто попуст на дневниот билет“, истакна Перински.
Аква-паркот ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
„Очекуваме оваа година доколку имаме долго и топло лето да ни биде рекордна. Како минатите години и оваа ќе има 36 спасители од страна на Црвениот крст, вклучувајќи и медицински лица, кои ќе се грижат за безбедноста на посетителите. Имаме и медицинско возило, така да сите безбедносни аспекти се покриени“, вели директорот“, Златко Перински.
А, за комплетно хедонистичко уживање во топлите денови, во водениот парк и оваа година на располагање се услугите на три кафулиња и еден ресторан.