(ВИДЕО) Снимен пад на метеор во Венецуела

На социјалните мрежи во неделата се појави видео снимка од пад на метеорите во Венецуела, направена изминатата ноќ.

На снимките, направени од очевидци, се гледа како непознато небеско тело согорува во атмосферата, а потоа исчезнува на хоризинтот.

Според локалните медиуми, објектот можел да се види во областите на Каракас, како и државата Карабобо и во северните сојузни држави Арагуа и Гуарико. Судејќи според снимките на социјалните мрежи, на местото на падот во близина на градот Валенсија, во државата Карабобо, била запалена тревата.

Венецуелските власти досега не ја потврдија информацијата за падот на метеорот, за кој весникот El Universal наведува дека се случил во саботата околу 19,30 часот по локално време, или 23,30 часот по македонско време.

На 1-ви февруари пад на метеорит беше забележан во западниот дел на Куба, во провинцијата Пинар дел Рио. Пролетал над островската карипска земја како огнена топка, оставајќи зад себе трага од чад и експлодирал близу од земјата распарчувајќи се на многи мали делови. Локалните жители нашле неколку парчиња од метеоритот со големина од 20 до 30 сантиметри, кои подоцна им се предадени на стручњаците за проучување.