(ВИДЕО) Снимена тарантула колку чинија како влече опосум

Во најголемата прашума на светот Амазонија, постојат тарантули кои може да убијат и одвлечат опосум објавија американските научници, а неверојатното видео снимено во Перу го објави National Geographic.

Кадрите покажуваат пајак од со големина од околу 30 сантиметри, кој влече опосум кој го уловил. Жртвата прво дава бавен отпор, а потоа замрува.

Според биолозите од Универзитетот Мичиген, кои биле сведоци на настанот, напад на пајаците врз ‘рбетници не е невообичаен. И покрај фактот дека исхраната на членконигите се состои главно од инсекти, тие повремено ловат змии, птици и глувци.

„Ја забележавме тарантулата какко стои над опосумот, седнавме и набљудувмавме“, вели Мајкл Грандлер, научник од спомнатиот универзитет, кој тарантулата ја опишува „голема колку чинија“. Научниците досега виделе тарантули како се хранат со помали животни како што се жабите, но „тарантула којашто се храни со цицач е сосема неочекуван призор“, истакнува Грандлер кој напомнува дека сосема случајно налетале на овој настан.

Тарантулата ја забележале во Перу во рамките на истражувањето на синџирот на исхраната и биоразличноста во Амазонија. Воедно виделе како пајаците се хранат со риби, носат мртви гуштери и обезглавуваат и ја дерат кожата на змиии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.