ВИДЕО: Со хеликоптер се гаси пожар меѓу Македонски Брод и Пласница

Денес по пријава на Центарот за управување со кризи на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода.

Гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на пожарот под контрола.

-Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.

За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.