Видео: Со новите шест инвестиции во Илинден ќе се отворат 500 работни места

Шест нови инвестиции со вкупна вредност од 10 милиони евра кои ќе отворат 500 работни места влегоа во општина Илинден.

На последното електронско јавно наддавање во октомври, за отуѓување на градежно земјиште во локалните економски зони во општина Илинден, компаниите „МАН импортер“ и „Атлантиц траде“, од Хрватска и домашните фирми „Мобико“, „Кам фуд“ и „Тотал логистик“ се стекнаа со градежни парцели на кои ќе ги изградат своите стопански објекти.

-На 6 градежни парцели ќе се инвестира во делот на кондиторски производи, на информациско-комуникациски технологии, откупно дистрибутивен центар, логиситчки центар и продажно-сервисен центар. Тоа се 6 локации во вкупна површина од околу 80 илјади метри квадратни, истакна градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски во Вестите на Канал 5.

Стојановски истакна дека во првите три квартала од оваа година се издадени 140 одобренија за градење, од кои 15 за инвестиции, за стопански објекти, а останатите се за домување.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.