(ВИДЕО) Со огромно мнозинство Бундестагот и даде зелено светло на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ.

Со 476 гласа за и 122 против, како и 16 воздржани пратеници, Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој беше поздравен од пратениците.

Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ, Петер Бејер, малдите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ.

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош, дека се подготвени за реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.

https://www.youtube.com/watch?v=tAGjfAuhsAM