(ВИДЕО) Собранието на Црна Гора го усвои законот за слобода на вероисповедта

Собранието на Црна Гора  рано утринава го усвои Законот за слобода на вероисповедта.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

Седницата на Собранието беше прекината кога полицијата ги приведе пратениците на Демократскиот фронт, по инцидентот во пленарната сала.

Со законот се предвидува дека државна сопственост се сите верски објекти и земјиштето што го користат верските зеадници на територијата на Црна Гора, што се изградени, односно се набавени од јавни приходи на државата или биле во државна сопственост до 1 декември 1918 година и за кои нема докази за правото на сопственост на верските заедници.

Прецизирано е дека во поглед на постоењето на докази за фактите ќе се применуваат доказни средства и правила на докажување во согласност со Законот за управна постапка и супсидијарно и на Законот за парнична постапка.

Инаку синоќа Собранието на Црна Гора дошло до конфликт после кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата.

Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.

Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа, после инцидентот во Собранието. Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.

Амандманите на опозицијата на предложените Закони за слобода на вероисповед за која сметаат дека е насочен против Српската православна црква.

Погледнете снимки: