(ВИДЕО) Софија Вергара со задник се обиде да скрши орев

Настапот на кандидатот Мистер Чери во американската верзија на шоуто „Јас имам талент“ кој со задникот крши ореви, стана вирален хит.

Не само поради натпреварувањето, туку и поради Софија Вергара која му се придружила на сцената.

Софија, по настапот, го прашала натпреварувачот дали е навистина тешко да се кршат ореви со задник со оглед на леснотијата со која тој го правел тоа. Членовите на жирито на тоа и одговорија дека треба самата да се обиде да проба.

По неуспешниот обид да го скрши оревот со задникот, Софија рече дека навистина боли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.