(ВИДЕО) Солунчани во море ги фрлија учесниците на Парадата на гордоста

Четири лица се осомничени дека им се доближиле на еден грчки и еден бразилски учесник во маршот, од кои еден го држел знамето со виножитото, и вербално ги малтретирале, па ги фрлиле во морето, објави во неделата весникот  Катимерини.

Двете жртви, кои оделе одвоено од главната толпа, не се повредени.

Полицијата соопшти дека маршот, седми од ваков вид, организиран од ЛГБТК-заедницата во овој северен грчки град, втор по големина во земјата, привлекол повеќе од 5.000 учесници.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.